Органограм на ДСД „Пелагонија“ - Скопје
Согласно Законот за административни службеници и Законот за студентскиот стандард, хиерархиската поставеност во Државен студентски дом „Пелагонија“- Скопје се утврдува на следните нивоа:
- Директор
- Одделенија
ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА
За законито и ефикасно извршување на работите и задачите од надлежност на Државен студентски дом „Пелагонија“- Скопје, се образуваат следните организационите облици:
- Одделение за општи и правни работи и човечки ресурси
- Одделение за финансиско, сметководствено и материјално работење
- Одделение за сместување
- Одделение за исхрана
