За директорот
Основна цел на Државниот студентскиот дом „Пелагонија“ е да овозможи безбеден и пријатен престој, квалитетни услови за образование и личен развој на студентите. Оттука, постојано настојуваме да ги подобриме нашите услуги во согланост со потребите на студентите. Ние се грижиме да обезбедиме фер, безбедна, забавна и почитувана средина за учење, каде што студентите ќе можат да развиваат и да споделуваат идеи и да се чувствуваат мотивирани и секогаш да дадат се од себе. Нашата мисија е да ги обезбедиме најдобрите опции за сместување на студентите, да обезбедиме висок квалитет на услугите како удобност, безбедност и забава, за да можат да доживеат незаборавен престој.

КРАТКА БИОГРАФИЈА
Име и презиме: Агим Фејзулаху
Година на раѓaње: 1986
Образование:
– Основно образование ОУ “25 Мај” – Скопје
– Средно образование “Зеф Луш Марку” – Скопје
– Дипломиран правник Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово
– Магистер по Политички науки и човекови права – Св.Кирил и Методиј – Скопје
Мајчин јазик: Албански
Странски јазици: Македонски, Англиски, Турски
Работно искуство: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје