За нашиот студентски дом

Нашата мисија е постојано градење доверба кај студентите, кредибилитет и почит кон истите. Студентите за нас се на прво место, нивните желби и потреби за нас се врвен приоритет. Се стремиме да ги исполниме нашите цели и заради тоа мора да продолжиме постојано да ја зголемуваме нашата ефикасност. Студентите се сила, студентите се моќ!

slide2

НАШАТА ЦЕЛ

Основната дејност на ДСД “Пелагонија” е сместување и исхрана на студенти, воспитание и образование на истите, реализирани преку планови и програми кои ги одредуваат со законски прописи МОН и Биро за Развој на Образование во Р.С.Македонија.

Воспитно-образовната дејност во домот е организирана по групи. Со доаѓањето, студентите ќе бидаат распоредени по соби и запознаени со дневната артикупулација и организација на животот и работата во домот, со цел кај нив да се формираат навики на култура на колективно живеење, развивање на чуство на должност и одговорност како и меѓусебно почитување и толеранција.

Наменет е за студенти од I – IV год. кои имаат потреба од домско сместување ( поради тоа што студират надвор од местото живење) и ги исполнуваат критериумите според објавен конкурс од страна на МОН на почетокот на студиската година.

Како установа од јавен интерес, домот им обезбедува на студентите сместување, исхрана, грижа за здравјето, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности.

ДСД “Пелагонија” располага со 997 легла и тоа:

– Број на легла за студенти од II, III, IV, V и VI год. и апсолвенти: 797
– Број на легла за студенти од I година: 200